Tuesday, January 10, 2012

Аманет: Покојник пренесувале со багер од Прилеп до завеаното село Бешиште

Прилепско семејство ангажирало багер да го расчисти патот до мариовското село Бешиште за да ја исполни последната желба на својот роднина кој сакал да почива во родниот крај.






Деновиве во Прилеп починал стар жител од Мариово, а неговата последна желба ги ставило на вистински маки роднините. Тој посакал да биде погребан во родното село Бешиште, кое деновиве е завеано и непристапно поради големите снежни врнежи. Поради тоа, неговото семејство морало, сакајќи да го исполнат аманетот, да ангажираат багер за да го пренесат починатиот до селските гробишта. 

Мариово веќе неколку дена е отсечено од светот. Снежните навеви до селата Кален, Кокре, Манастир, Дуње и Чаниште не се исчистени. 

„Македонија пат“ го има исчистено само регионалниот патен правец Прилеп - Витолиште, но само до Моглешки дол. Четири километри до селото патот не е прооден и кон Бешиште, каде има дефект на далекувод. Поради ова екипите на ЕВН не можат да го отстранат дефектот и петти ден Мариово е без електрична енергија, без телефони и без храна. Особено во селата Живово, Врпско и Гуѓаково каде што овчарите за да преживеат почнале да го јадат лебот со кои ги хранат овчарските кучиња. /З.М.

No comments:

Post a Comment