Wednesday, January 25, 2012

Среќен роденден Тоше,легендите живеат вечно!


На денешен ден 1981 се роди нашата легенда Тодор Проески.Тој со својата хуманост која ја изрази преку:Дарба на крв,донирање пари во доброволни цели со тоа што правеше голем број концерти,а добиените пари од поголем дел од Концертите ги даваше во хуманитарни цели.Роден во Прилеп,Македонија на 25 јануари 1981,а почина на 16 октомри 2007 во Нова Градишка Хрватска.
Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост

No comments:

Post a Comment