Поголемиот дел од времето јагуарот го поминува сам на некоја голема територија,која може да опфаќа и 500 квадратни километри и варира во зависност од присуството на плен.Мажјаците ретко се среќаваат и,ако се случи тоа,симулираат меѓусебна борба,но ретко се повредуваат еден со друг.
Јагуарот се среќава во Јужна Америка.Се препознава по влакното прошарено со црни дамки,по масивното тело и широката глава.Може да се јази на дрвја за да се одмара на некоја гранка или да ги демне своите жртви.
Ова моќно животно од родот мачки е способно да убие Алигатор со едно каснување со забот во тилот.Меѓутоа,тоа има и свои непријатели:прво човекот,а потоа Анакондата,која е способна да го задуши обвивајќи се околу него.

No comments:
Post a Comment